Малку изменета варијанта на лазањи која произлезе од желбата да го заменам бешамел сосот кој вообичаено се користи.
Најпрво кромидот ситно го сецкаме и го ставаме да се запржи. По некоја минута го ставаме и ренданиот морков, па месото. Го запржуваме и месото додека да смени боја, внимавајќи да не се направат грутки од месото, па го додаваме и доматното пире. Ставаме сол, бибер, зачини и го оставаме уште малку да крчка.
Во меѓувреме, крем супата од шампињони за спремаме според упатсвото, но со намалена количина вода.
Во тава за печење, ставаме малку масло и од крем супата, па редиме ред лазањи, ги премачкуваме со крем супа, па ставаме од сосот со месото. Така додека не потрошиме сите состојки, а најгоре преливаме со поголема количина од крем супата. Печеме на 180 степени, околу 20-30 мин.
П.С. Во нашиот дом, кашкавалот не е баш омилен, инаку радо би ставила и рендан кашкавал. Но одлични беа и вака. Па ако ви се допадна и вас рецептот, пробајте го.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови