Ставаме 1 кора и ја пропрскуваме со кисела вода, па врз неа ставаме друга. Сечеме на 6 еднакви делови и на секој во средината ставаме по 1 лажица пилешка салата. Превиткуваме во форма на пирошка.
Од оваа доза излегуваат 24 средни пирошки.
Во посебни длабоки садови ги кршиме јајцата, презлата и брашното. Корите ги премачкуваме со кисела вода, ги валкаме во брашното помешано со пециво, па во јајца и на крај во презла со сусам.
Вака подготвените пирошки ги печеме 15мин на 200степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови