Од наведените состојки замесуваме тесто кое го оставаме да стаса околу половина час.
Од стасаното тесто делиме топчиња од 100гр. секое топче го расукуваме, ставаме кечап и малку оригано. Печеницата ја ставаме на средина, кашкавалот го додаваме и правиме мали пакетчиња како плико. Страната каде ни се составуваат тестата го ставаме одоздола.
Кифлите ги оставаме десет минути да стасаат ги провалкуваме во матена белка, а после во презла. Редиме во плех и ги засекуваме во икс пред печење.
Печеме во загреана рерна на 220 околу петнаесетина минути додека не добијат убава златна боја.
На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани