Едни од многуте крцкави карневалски колачиња кои редовно се спремаат во овој период на карневали.

Во сад ставете го брашното, шеќерот и маслото.
Додјте ги јајцата.
Измешајте најпрвин со вилушка, а потоа со раце замесете го тестото.

Од тестото расукајте правоаголна кора и исечете ја на правоаголници.
Секој правоаголник засечете го на средина во вертикален правец.
Низ пресекот провлечете ја едната половина од правоаголникот и истегнете така што ќе добиете форма на панделка.

Повторете ја постапката со сите правоаголници.
Пржете ги во длабоко масло.

Испржените кјакери извадете ги на кујнска хартија да се впие вишокот мрснотија ( речиси не впиваат воопшто масло).

Посипете ги со шеќер во прав и слободно грицкајте.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани