Едноставен брз ручек за во посни денови.

Ставете го кус кусот во подлабока чинија и прелејте го со топлата вода.
Покријте и оставете го да отстои околу 10 минти, за да ја впие водата.

Во тава на оган ставете малку масло.
Додајте го сецканиот праз и суви пиперки.
Посолете и пржете кратко, додека празот и пиперките омекнат.

Откако кус кусот ќе ја впие водата, промешајте го со вилушка и посолете по вкус.
Додајте ги празот и сувите пиперки, промешајте и послужете.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани