Многу добар прилог од кус кус кон ќофтиња или риба.

1. Исецканите црни патлиџани изренданиот морков се пржат на умерен оган, потоа се додаваат исецканиот домат и ситно изренданиот лук и зачините и се пржат уште 10тина минути.
2. Кус кусот се става во зовриена и посолена вода и се покрива со капак и се чека да се набабри.
3. Кус кусот се додава кон зеленчукот и се промешува заедно со маслиновото масло.

Наместо домати може да се искористи доматно пире, исто така може да се додаде пиперка во кус кусот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани