- Пригответе го Кус-кусот така што ќе го залиете со врелата вода, промешајте и оставете да одстои 20 мин, за да ја впие целата вода. Наместо вода можете да ставите бујон за супа по ваш избор (пилешки, говедски или зеленчуков). После изминатото време со рацете измешајте го кус-кусот и трлајте меѓу дланките за да се изедначи стане растресит. Измешајте го маслиновото масло со малку сол, бибер и истисканиот сок од лимонот, прелијте го кус-кусот. Вака измешано и зачинето нека одстои 30 мин. за да се впијат вкусовите на зачинките.
Додека да одстои кус-кусот, спремете го останатото
- Сувото грозје и исецканите суви кајсии залијте ги со топла вода и нека постојат околу 10 мин, додека омекнат.
- Модриот патлиџан исецкајте го на коцки и на сува вок тава протпечете го кратко време, потоа извадете ги во сад, малку посолете ги и покапете исто така со малку маслиново масло.
- Ставете во тавата малку маслиново масло, нека се загрее и ставете ги исецканите тиквички да се потпечат, но не многу, пожелно е да останат крцкави, да останат речиси сирови, тргнете од огнот и ставете ги кај модриот патлиџан.
- Тостирајте ги орашастите јатки кои сте ги избрале за додток, ставете ги и нив кај патлиџанот и тиквичката.
- Непосредно пред служењето во кус - кусот доддете го модриот патлиџн, тикичката, орашастите јатки,исцедените суво грозје и суви кајсии, исецканите домати, исецканите маслинки, исецканата пиперка (може и да е блага ако не сакате луто) магдонос, доколку не ви е солено и доволно кисело доддете малку сол и сок од лимон, измешајте сервирајте во подлабок тањир. Изврсен прилог е кон печените меса на жар.
Напомена
- Можете да го збогатите вкусот и со додавање на млад кромид. Јас денес додадов власец,
Ќе додадам овде дека пресуваните маслинки се подобриот спој во салатата од саламурените, може да додавате и печени пиперки кои исто така имаат придонес во салатата, а не е за потценување и потпечениот коморач.
Останува да ви посакам да уживате во овој богат спектакал на вкусови и свежината која ја има. Може да се спрема било во кој период од годината, а од зеленчук да комбинирате токму тој што го има во тоа време на располагање. Не го менува вкусот доколку остане за нареден ден ако го добро затворите во сад.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани