Во маслото се запржува сечкан кромидот, па се додава меленото месо да се пржи додека испари водата.
Потоа се налева виното, па откако ќе се впие/испари се додаваат и останатите состојки. Се пржи додека не стани една убава компактна и кремаста смеса.
Се остава филот некое време малку да подизлади, бидејќи ако е жежок можат канелоните да испукаат. Кај мене веројатно не беше доволно подизладен, па првите 2 на сликата испукаа.

Со овој фил се полнат канелоните, со помош на мало лажиче, исправени и потпрени на дното да не истекува филот.
Се редат во тава едно до друго.

Сите состојки за доматело преливот се ставаат во едно тенџерче и се загреваат до вриење.
Со овој прелив се преливаат канелоните, а одозгора се ренда кашкавал или пармезан. Се печат во загреана рена на 200С околу 20 минути, односно додека сосот не испари.
Кај мене немаше потреба, а во рецептот е наведено дека можи да се прекријат со алу-фолија при печењето.

Не сум пробала, но со рецептот има и една напомена, дека можат да се замрзнат. Наполнетите канелони со фил се редат во алуминиумски садови (претпоставувам дека можи и во пластични) и се ставаат во замрзнувач. Така можат да се чуваат 1-2 месеци.
Замрзнатите канелони наредете ги во тавата за печење, попрскајте ги со малку вода и печете ги 20 минути на 180С. Потоа извадете ги од рерна и прелијте ги со доматело сосот, посипете пармезан и печете ги уште 10 минути на 220С.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови