Декоративни и многу вкусни кули од пржен модар патлиџан, подготвен на мојот начин од Мезе од модар патлиџан

1. Модриот патлиџан се мие, се сечка на кругови, се посолува да отстои 15-тина минути, со кујнска хартија се отстранува течноста, секој круг се валка во мешавината од пченкарно брашно и лук во прав, се пржи на среден оган и се остава во чинија на хартија.
2. Штом круговите модар патлиџан убаво ќе се изладат, се одбираат по 3 приближно исти кругчиња за 1 кула.
3. Се зема 1 кругче, се премачкува со 1 лажица кисела павлака, се става малку пилешка салама која е исечкана на ситни коцки, се става малку од сечканите солени кикиритки.
4. Врз него се става 2-рото кругче, се повторува постапката со павлака, салама и кикиритки, се става 3-тото кругче па пак се повторува постапката и на крај се декорира со магдонос.
На ист начин се прави и втората кула, па и мерките за кулите се одприлика за 2 декоративни кули.
5. Мезето пред служење се остава малку да се излади во фрижидер.

Зависно од тоа колку материјал останал, направете си уште кули со прилагодување на количината на павлаката, кикирики и салама.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани