- Со миксер во сад ставете ги јајцата, шеќерот, ванилата, матеницата и на пониска брзина сматете. Додадете го брашното во кое сте измешале пецивото и содата. Измешајте.
- Тавата во која ќе ги печете премачкајте ја со масло, исто така и прстените во кои ќе ставате од тестото во количина зависно колкави се прстените. Печете од едната страна околу 4 мин. на тивок оган, се првретуваат и се допекуваат од другата страна околу 3 мин.
- Се редат една врз друга најмногу до три палачинки, залијте со јаворов сируп, мед, некое слатко - изберете.
Чашата е од 200 мл.
НАПОМЕНА
- Значи овде само е потребно да се има од прстените. Јас ги користам обрачите од најмалите модли што ги имам, а може и од оние резачите за крофни или слатки округли метални со повисок ѕид. Количината од тестото кое ќе го ставите зависи од самиот прстен колку е голем.
- Можете да си направите доколку ги немате, а сакате ваква подготовка исечете лента од подебел картон или од тетра-паковањата со ширина која ќе ја одберете. Исечете иста таква лента и од хартијата за печење, со хефталка захевтајте ги и оформете круг така што хартијата да биде од внатрешната страна... успешно е и така.
Преубавите и интересни палачинки ги залив со слаткото од јагоди кое го правам по рецепт на нашата ИваВесна.... за мене досега најдоброто слатко односно најдобриот рецепт за слаткото...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани