Одличен куглоф за вечера или појадок со чаша јогурт или млеко.

1. Јајцата, јогуртот и маслото се матат со жица, потоа се додаваат брашното, солта и пецивото.
2. Шунката ситно се сецка, а кашкавалот се ренда и се додаваат кон смесата и се промешуваат.
3. Тестото се става во намачкан куглоф и се пече на 180 степени околу 45 минути.
Доколку сакате може да ставате чаша бело вино наместо јогурт.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани