Путерот изматете го добро со шеќерот. Додадете ги јајцата, убаво изматете па ставете го сокот од портокал и јогуртот. На крај додадете брашното и пецивото и изматете кратко колку да се спојат состојките.
Додадете ги малините и измешајте внимателно со шпатула.
Смесата ставете ја во калап за куглоф претходно премачкан добро со путер и лесно набрашнет. Калапот е со пречник од 22см.
Печете околу 60-70 мин на 180 степени во претходно загреана рерна.
Откако ќе се испече, оставете 10тина минути да одстои во калапот, па потоа префлете на чинија за послужување. Наросете со шеќер во прав и декорирајте со малини.
Оставете убаво да се излади пред да го сечите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани