Мора да го пробате овој прекрасен и крцкав десерт со капини, а верувам ќе биде вкусно и со друго овошје.
Се ставаат брашното, шеќерот, путерот, солта во блендер и се блендираат додека не се добие смеса која личи на песок. Од таа смеса тргаме на страна половина шолја.
Во коцка тавче обложено со хартија за печење го плескаме убаво со рацете и го распоредуваме тестото и печиме на 170степени 15тина минути.
Во меѓувреме го приготвуваме филот.
На оган ги ставаме измиените и исецкани капини додаваме шеќер и вариме 5-10мин или додека не омекнат капините. Тргаме настрана и додаваме брашно и лимонов сок. Над испечената подлога го распоредуваме филот.
За тестото одозгора 
Ги мешаме овесните снегулки, остатокот од тестото за подлогата, путерот и кафеавиот шеќер, убаво со раце го размесуваме и го рониме над филот со капини. Се печи уште 25-30мин или додека не добие убава златна боја. Се остава убаво да се излади во тавчето пред да се сечи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови