- Се мешаат брашното и прашaкот за пудинг.
- На собна температура омекнатиот путер се изработува со кафениот шеќер да се добие убава компактна смеса. Во него се додава веќе измешаното брашно и се додава Бурбон ванилата.
Се замесува тесто кое е готово откако се собере целото брашно, да не остане ниту една трошка. Пак уште малку се меси, се остава да одмори. Се прават форми по ваш избор.
Се печат во претходно загреана рерна на 18о степени, околу 10-15 мин. Внимавајте да не ги препечете. Оладени извадете од тавката и после нивното потполно оладување, соберете во кутија, затворете...
Напомена
- Ако немате бурбон ванила пудинг тогаш ставете само од ванила со тоа што ќе ставите и обична ванила шеќер, а не бурбон ванила.
- За да ви биде полесно, поделете го тестото. Јас од еден дел направив ваљак, го исеков на повеќе парчиња, на страната каде е пресекот ставив по една јатка од ореви, а едниот дел како што го направив вањакот, со вилушка поминав низ него и ја добив шарата која се гледа, сечев на парчиња. Јас ги направив поголеми, ако за малку ги намалите ќе добиете навистина повеќе парчиња на колачи.
- Крцкави велам дека се бидејки кафениот шеќер не се топи ниту кога се мати со миксер ниту додека се пече, токму тој го дава тој волшебен вкус на непцето.
Уживајте - празници се ближат!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани