Потсетување на есента која ни следи со оваа прекрасна киселкаста и крцкава пита.

- Од брашното, јајцето, путерот исечен на коцки, водата и пецивото се замесува тесто. Тестото се завиткува во фолија и се остава во фрижидер 1 час да одмори.
- Јаболката се лупат и се сечат на тенки листови. Се додаваат мелените бисквити и неколку лажици мед или шеќер во прав и циметот.
- Одмореното тесто се дели на два дела. Првиот дел на расукува тенко во облик на круг и се става во калап за пита или тепсија, притоа краевите од тестото треба да излегуваат надвор од калапот. Вишокот тесто се отсекува.
- Листовите јаболка се редат еден до друг во неколку редови.
- Преостанатото тесто се расукува во облик на правоаголник, од него се сечат тенки ленти кои се нанесуваат врз филот од јаболки (цик-цак).
- Питата се пече околу 1 час на температура од 180 Ц.

Напомена
Јас воопшто не додавав засладувач во филот и беше баш слатко киселкаста. Но се зависи од сладкоста на јаболките кои што се користат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови