Крушите ги миеме и внимателно од долната страна ја вадиме внатрешноста.
Во сад на оган ги ставаме шеќероти водата, а откако ќе се растопи шеќерот ја додаваме и ванилата.
Оставаме да повари околу 5 минути, па ги пуштаме крушите во садот.
Ги оставаме да се поварат на тивко околу 10 минути, па повторно, внимателно ги вадиме од садот, ги цедиме и оставаме да се изладат добро.
Лиснатото тесто го сечеме на ленти доволно долги за да ја премотаме убаво крушата.
Почнуваме од горниот дел, па завршуваме до доле, каде остатокот од тесто го завиткуваме во внатрешноста.
Во садот каде ќе ги печеме поставуваме хартија и ги редиме крушите. Се пече околу 20 минути додека лиснатото тесто не биде зацрвенето.
Садот во кој ги варевме крушите го враќаме на оган и оставаме да вари додека течноста не стаса до 1/3 од чашата.
Тогаш ја додаваме слатката павлака и вариме уште 5 минути, па тргаме на страна.
Откако е печено лиснатото, оставаме малку да излади,па служиме.
Во чинијата налеваме малку од преливот, потоа ја додаваме крушата, полеваме врз неа од преливот.
На здравје

Забелешка
Чашата со која се мери е од 200мл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови