- Во повисок и потесен сад ставете го виното и шеќерот заедно со циметот и оставете да зоврие, а за тоа време излупете ги крушите оставајки им ја рачката. Оставете ги да се варат околу 15 мин.
- Извадете ги внимателно без да ги оштетите и ставете ги на чинија.
- Одвојте од вкупната количина од останатото вино, во него разматете го густинот и вратете назад да го сварите сосот кој не го варите многу, потребно да е кремасто.
- Ставете по една круша во чинија, залијте со сосот, посипете со бадеми, ставете топка сладолед или матена слатка павлка или шлаг.. ваш избор.
- Уживајте во овој десерт
Напомена
Напишав во 1/3 од остатокот од виното, но мене ми е толку многу вкусен што не оставам вино. Во целото ставам густин за да ја постигнам густината на сосот и верувајте дека не останува.
- Бидејки ги варев во Сангрија, знаете дека е полна со овошни вкусови и ароми, доволно беше да додадам само цимет. Ароматно си е самото вино, а доколку немате збогатете ја аромата додавајки звезден анис, карамфилче... или дотерајте по ваш вкус.
- Доколку најпрвин ги излупите крушите (нема потреба ова да се работи бидејки додека виното зоврие крушите веќе излупени) тогаш ќе мора да ги покапете со лимонов сок и да ги ставите да постојат во вода.. но навистина немате потреба од овој дел на постапка.
- За да стојат исправени крушите, исечете им го долниот дел за да го постигнете тоа.
Уживајте....оладени се доведуваат самите до перфекција.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани