Синото сирење е малку остро сирење, па фино одговара да биде послужено со овошје, како смокви, ананас...
Сезона на смокви, па еве ја мојата превкусна комбинација.

Прво смоквите ги делиме на половина, ги попрскуваме со маслиново масло, мед или маџун ,1 лажиче балсамико и ги ставаме во загреана рерна во плех , на 200 с да се печат околу 7-8 минути.
Во исто време багет лебот го сечеме на коси парчиња, го премачкуваме со маслиново масло и го ставаме во загреана рерна.
Благо кога ќе порумени од долната страна го превртуваме и печиме уште
3-5 минути.
Ги вадиме од рерна.
На секое препечено парче багет ставаме од плавото сирење, нежно наросуваме шарен бибер, ставаме парче тенко сечена италијанска мортадела и одозгора ставаме карамелизирана смоква.
Декорираме со благо тостирани ливчиња бадем и магдонос.
Уживајте...
Совет: пред да го нанесите парчето сирење, тенко може да се премачка со мармалад од зрели смокви, или да го истријате со чешне лук.
Исто така наместо мортадела може да се користи свински пршут.
Јас тргнав да купам пршут, но штотуку ја донесоа овааа прекрасна италијанска мартадела... не можев да и одолеам.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани