Декоративна посна кростата која си го доби името по изгледот.

Подготовка
Се замесува еластично тесто од сите наведени состојки и се остава во фрижидер завиткано во најлонска фолија околу 1 час.
Се одвојува дел од тестото за украсните фигури од ѕвезди. Поголемиот дел од тестото се расукува малку поголемо од тавчето и убаво се распоредува.
Лешниците ги потпекуваме кратко ги ладиме и мелеме. Ги спојуваме со мармаладот и филот го распоредуваме врз тестото. Одозгора ги редиме украсните фигури од тесто. Го ставаме да се пече во загреаната рерна на 180-200 степени.
Забелешка
Користев палмово масло, а вие може да користите сончогледово, доколку не користите вакво масло во вашите рецепти. Во рецептов и водата ја мерев во грамови на вага, а не во милилитри.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани