За бисквитот се матат путерот со шеќерот, па се додаваат жолчките, јајцето и се мати додека се добие хомогена смеса.Потоа се додаваат останатите состојки и на крај брашното, при што се замесува убаво глатко тесто.Откако убаво ќе се измеси се завиткува во најлонска фолија и се става во фрижидер околу 1 час.
Потоа калап за тарт со пречник 28 цм., се намрсува со масло и побрашнува.(Јас немав и импровизирав во калап со откопчување.)
На набрашнета подлога или меѓу два листа, хартија за печење се отвора кора.
Се префрлува во калапот и убаво се обликова, притискајќи со прсти. Се боцка со вилушка и се става да се пече во загреана рерна за време од околу 30-на мин. на 180 степени. Се остава да се излади.
Од остатокот од тестото испечете си колачиња. )))

За филот од јаболка најпрво се динстаат јаболката на малку путер.
Се додава водата, лимоновиот сок и кора, се продолжува со динстање, со постојано мешање додека се добие кашеста маса.Потоа се додаваат шеќерите и оревите. Се остава да се излади.

За филот од пудинг најнапред се раствора пудингот со мала количина од млекото, а остатокот се става заедно со шеќерите да зоврие.
Во растворениот пудинг се додава јајцето и убаво се миксира.
Се излева во зовриеното млеко и се вари пудигот на умерен оган до потребната густина.

Финална постапка
Испеченото тесто се премачкува со филот од јаболка, па се нанесува жешкиот пудинг. Се прекрива дирекно слојот од пудинг со најлонска фолија и се остава да се лади, најнапред на собна температура, а потоа во фрижидер, неколку часа или најдобро преку ноќ.
Потоа се мати шлагот со водата и се нанесува како трет слој.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани