Има многу рецепти за лиснати кроасани, но овој ми е еден од најубавите. Кроасаните се толку убави и меки што иако не се наполнети со фил, превкусни се и ровки.

1. Во подлабок сад каде ќе се меси се ставаат сите состојки, се замесува тестото при што јас практикувам прво да ги ставам сите состојки, ги мешам, па потоа постепено го додавам брашното онолку колку што е потребно да се добие средно меко нелепливо тесто.
2. Изработеното тесто се дели на 3 дела, а потоа секој дел се дели на 6 топчиња.
3. Од секое топче се рассукува коричка/ѓузлеме, се мачка со маргарин/путер, а врз него се ставаат останатите 5 ѓузлемиња, сите премачкани освен најгорното.
4. Кога ќе се направи првото купче со ѓузлемиња веднаш се става во замрзнувач, а потоа се постапува на ист начин и со останатите 2 купчиња.
5. Кога ќе се обработат сите корички/ѓузлемиња, веќе поминува доволно време за да се вадат од ладилникот по истиот редослед како што беа ставани и да се обработат.
6. Се зема првото купче со 6 корички, се рассукува колку што е можно потанка округла кора, се премачкува со маргарин/путер, се сече на 16 дела и од секое триаголниче се прават кроасан-кифлички кои се ставаат во подмачкан плех. Се добиваат 48 кроасани.
7. Кога ќе се направат сите кроасани се оставаат да киснат 2 часа на собна температура, а потоа се премачкуваат со јајце, се посипуваат со сусам и малку сол.
Се печат 10 минути на 200 степени и уште 15 минути на 180 степени.

По желба може да се стави сирење или друг фил.
Празниците нека течат!
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани