Започнуваме со подотовка на филот...
Во поголемо тенџере истураме половина млеко и шеќерот да зовриее.
Во останатото млеко го додаваме пудингот и матиме смесата ја сипуваме во зовриеното млеко и подготвуваме густ крем. Оставаме да се излади.
Во изладениот фил додаваме пола изматена слатка павлака и какаото и повторно матиме да добиеме убав чоколаден крем.
Јајцата ги делиме жолчките од белките. Почнуваме со матење на белката додаваме шеќер во изматените белки ги додаваме изматените жолчки и мешаме.
Откако ги соединивме го исклучуваме миксерот додаваме масло, млеко, какао, пециво и брашно мешаме рачно додека не ни се соединат сите состојки. Смесата ја сипуваме во плех од шпорет обложен со хартија.
Печеме на 180степени половина час додека убаво не се испече проверете со старата добро позната финта со чепкалка. Боцнете со чепкалката, доколку е сува, тестото е готово.
Пандишпанот исечете го по должина се разбира кога добро ќе ни се излади.
Едната кора ставете ја во плехот од шпорет додадете повеќе од пола чоколаден фил ставете ја втората кора па премачкајте со остатокот од чоколадниот фил.
Исечете коцки со остатокот од павлака декорирајте и наросете со какао.
На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани