Преубава кремаста супа за во посни денови. Наместо спанаќ може да се стави брокула, во секој случај е превкусна.
Се сецкаат компирите, празот, морковот ситно се додава 350мл вода, зачините и се става на тивко да се варат. Откако ќе омекне компирот се додава спанаќот и лукот се остава уште 2мин да се вари. Се трга од оган, се блендира со рачен блендер и супата е готова. Се декорира со лебни трошки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови