Превкусна крем салатичка која е одлично мезе, но може да биде и намаз или пак одличен прилог.

1. Одберете цврст модар патлиџан, излупете го, изрендајте го на крупната страна од рендето и веднаш попрскајте го со лимонов сок.
2. Во тавче загрејте малку масло, но на умерен оган, потоа посолете го малку црниот патлиџан и започнете со пржење.
3. По 10-тина минути пржење додадете го ситно исечканото лукче и продолжете со пржење со почесто мешање.
4. Доколку патлиџанот го впие маслото, ставете уште малку, но не премногу бидејќи подоцна одредена количина масло ќе се оддели од патлиџанот.
5. Ставете уште малку сок од лимон и посолете ако е потребно, всушност овде лимоновиот сок го дава вистинскиот шмек, но не треба да се става многу за да не биде многу киселко.
6. Се пржи уште 15-тина минути, односно кога во тавчето ќе почне маслото пак да се појавува и патлиџанот ќе порумени. Се остава да се излади.
7. На крај во изладениот модар патлиџан се ставаат киселата павлака, оревите и сечканиот магдонос, се меша убаво, се лади малку во фрижидер и потоа уживајте и мезете се!
Пробајте го ова мезе, ќе ви се допадне многу!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани