Најпрво да напоменам, дека овие мафини не беа МНОГУ благи, па ако сакате баш благ вкус зголемете на шеќерот или едноставно ставете повеќе крем, бидејќи не го топиме туку директно го вмешуваме во смесата тој не се чувствува многу.
И второ - доколку сакате посочен вкус, правете ги со обично брашно, иако кај нас го сакаме тој сув малку остар вкус кој го дава пченкарното брашно.
Ги матиме јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер додека се соединат, потоа ги додаваме течните состојки па на крајот сувите.
Кога смесата ќе се соедини ги додаваме кремот и какаото.
Ја загреваме рерната на 180степени и во тавата за мафини ставаме корпички и ги полниме до половина. Мафините се печат 15 - 20 минути, кога убаво ќе нараснат, горе ќе се појават пукнатини.
Лешниците ги печеме 20 минути, а потоа во сува крпа ги чистиме од лушпите.
На среден оган ставаме тенџере и во него додаваме по малце од шеќерот да се растопува, со цел да не загори. Карамелот не се меша со лажица, туку со кревање на тенџерето и негово нежно вртење. Кога ќе се стопи целиот шеќер ги додаваме лешниците и промешуваме со дрвена лажица.
Веднаш почнуваме да ставаме по 1 мало лажиче врз мафините, ова треба да оди брзо бидејќи карамелот одма се стврднува па добро е да го враќаме тенџерето кратко на рингла за да омекне смесата.
Од оваа смеса излегува 21 мафин.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови