Овој десерт откако ќе ги направите крем слоевите најдобро е да го изладите, па потоа да ја додадете тулумбата, ананасот и да декорирате.

Подготовка
Прво го подготвуваме првиот дел.
Киселата павлака и млекото ги соединуваме, па половина од смесата ја ставаме на дното од чашите. Ананасот го мелеме во блендер.
Во другата половина од првиот крем ставаме ореви и чоколадо, па ја соединуваме со ананасот. Редиме од неа во чашите како втор слој.
За третиот слој ги соединуваме состојките и промешуваме, па истураме во чашите.
Врз него редиме коцки ананас, ставаме по една тулумба, декорираме со рендано чоколадо и споената кисела павлака со кондензираното млеко.

Забелешка
Тулумбите ги правев по рецепт на Невена и за истите имате и видео запис 
Користев ананас од лименка.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани