Како микс од повеќе рецепти произлезе токму овој. Јас скоро секогаш мора да додавам свој печат. Некои ќе се сложат дека креативноста е битна, некои се држат строго до поставените мерки и состојки, кој како милува. Посебно ме радува што испадна сосема солиден десерт.
Јајцата за кората се бијат со миксер ,4 цели и 5 белки. Се додаваат сите напоменати состојки за кора и се излева во стандарден плех над хартија.
Се печи на 190, се лади.

За филот се вари крем од млекото, пудингот, шеќер, брашно, постојано мешаме на тивок оган на сам крај се додаваат жолчките и се трга од оган. Додека е топол филот се дели на 2 дела.
Во едниот се става 50 гр. чоколадо да се истопи и се лади.
На страна се бие путерот, половина оди во овој дел, а втората половина во останатиот.
Во делот со чоколадо се ставаат мелени бисквити, се додаваат и ренданото чоколадо и крем бананчиња сечкани. Во сад настрана се бие прашокот за шлаг со 200мл. ладно млеко, се додава во останатиот ,,светол,, дел од филот.
Над кората се филова прво кафеавиот дел, одозгора светлиот дел, по избор нарендав чоколадо сосема за крај.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови