Многу вкусно сладило кое содржи природна блажина од урмите, без додатоци на шеќери. Според мене можи слободно да конкурира со Нутелата, секако со спецификата на својот вкус. Се спрема инстантно, така што се од наведените состојки се става во блендер и се ситни до убава кремаста каша.
Можи да го коритите самостојно и да го јадите со лажичка, да го намачкате врз бисквити, крекери, да го приложите заедно во комбинација со овошје или овошна салата, дури и да го намачкате на леб.
Од оваа доза се добива едно десертно чинивче. Густината е како на сликата, но доколку сакате да ја призацврстите или поразредите, регулирајте со водата, но постепено и внимателно додека го добиете посакуваното.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани