Исклучително убав ручек.
Топло ви го препорачувам да го подготвите.
Време за подготовка, потребно е само 30 минути.

Прво измиените кременадли, на кој сме им ја одстраниле коската, ги чукаме со чук за месо од двете страни.
Ги посолуваме и наросуваме со бибер.
Во еден сад ги соединуваме сите состојки за маринадата и промешуваме со вилушка за да се изедначат.
Потоа кременадлите ги ставаме во садот со маринада, поклопуваме, ставме во фрижидер и одиме на работа (хахха)
Нека одстојат во маринада, неколку часа.
Потоа земаме тава на делимано и ги ставаме маринираните кременадли на умерен оган да се пржат.
Во тавата ја додаваме остатокот на маринадата доколу ни остане во садот.
Ги превртуваме повремено.
Ги пржиме околу 20 минути.
Додека се пржат кременадлите подготвуваме, помфрит, кај мене и ориз со куркума и пченка и салата.
Сето ова скоро истовремено беше зготвено.
Сервираме, наросуваме сецкан магдонос и послужуваме топол, вкусен ручек.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани