Супер освежителен десерт за жешки летни друженки.
Јас генерално правам едноставни брзи рецепти. Тие сложените веројатно со годините и искуството ќе дојдат. :))
Се мати шлагот според упатството.
Се реди првиот слој, се ставаат кршени бисквити внатре.
Потоа еден слој диви јагоди. Оваа година сама си ги берев јаготките по нашите ридови. Колку за вакви неколку рецепти си чувам во замрзнувач.

Потоа еден слој шлаг со рендано чоколадо внатре. И на крај пак диви јаготки.
Украсете со чоколадни мелени бисквитки и рендано чоколадо.

Ставете да се излади еден час во замрзнувач.

Уживајте.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани