Компирите излупете ги, измијте и исечете ги на танки кругови. Ставете ги во подлабок сад, додајте го лукчето исечено на ситно, зејтинот, солта, мускатното оревче, биберот и мешаниот сув зачин и се убаво измешајте.
Се заедно ставете во тавче кое претходно сте го премачкале со малку зејтин, прелијте со млекото и течната павлака и покријте со фолија. Ставете во загреана рерна и печете 40 минути на 200 степени.
После извадете од рерна, тргнете ја фолијата и одозгора ставете го наренданиот пармезан. Врз пармезанот ставете го сусамот и вратете во рерна уште 15 минути да поцрвени убаво.
Вака спремен компир можете да го послужите со салата марула и ете ви ручек набрзина. А може да ви биде како прилог со месо.Ние дома си го јадеме со домашна масленица.Епа нека ви е пријатно!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови