Уште едно во низата на брзи, кремасти колачи, овој пат во Фереро руво.

1. Прашакот за пудинг се меша со шеќерот и се вари со млекото за да се добие густ крем. Му се додава чоколадата, се меша да се соедини и се остава на собна температура да се олади.
2. Потоа се додава изматениот путер, Нутелата, наполитанките, лешниците и ванилата.
3. Смесата се става во калап обложен со проѕирна фолија и се остава преку ноќ во фрижидер убаво да се олади.
4. Оладениот колач, се превртува на чинија за сервирање. Чоколадата и павлаката се растопуваат и со подоладениот ганаш се прелива колачот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани