Во еден сад ги соединуваме состојките за тесто.
Го замесуваме и оставаме во фрижидер 20 минути.
Потоа сучиме кора и обложуваме тава за колач бр 24 или 26, или тестото го распоредуваме во 2-3 мали форми( како на сликата).На неколку места дното го боцкаме со чечкалица.
Ги печиме околу 10 минути во загреана рерна.
Оставаме да се изладат, па ги вадиме од формите.
Го подготвуваме кремот.
Во една касерола налеваме млеко, шеќер,малку изматеното јајце, густин, ванила и вариме до згуснување.
Оставаме да се излади.
Во друг сад ја матиме слатката павлака, не многу густо, па додаваме крем сирење, во кое по желба сме додале шеќер во прав.
Убаво цела смеса ја соединуваме.
Изладените форми ги полниме со крем, врз него редиме половинки јагоди, прскаме сецкани фстаци.
Оставаме во фрижидер 30 минути, па послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови