Освежително и вкусно кремасто десертче.

* Кајсиите се мијат, се делат на половина и се ставаат во касерола.
* Се ставаат шеќерите и малку вода колку да се прелијат кајсиите, се вари неколку минути да се стопи шеќерот и да почне да се одделува лушпата.
* Малку подизладени на кајсиите им се вади лушпата и се ставаат да се цедат во цедалче и да се изладат во фрижидер.
* Кога се изладени, кајсиите се блендираат.
* Крем шлагот се мати со млекото со миксер до добивање на густ крем.
* На дното на чашата ситно се дроби 1 бисквита, а врз неа се потура малку со засладениот сок кој се исцеди од кајсиите.
* Сега се става крем шлаг, па блендирани кајсии, па пак 1 ситно дробена бисквита, па повторно крем шлаг, пак кајсии и на средина се завршува со крем.
* Се декорира со кришки кајсија или по желба.
Стои во фрижидер и се служи ладно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани