Во касерола го ставаме шеќерот и путер, на тивко да се карамелизира.
Внимаваме да не изгори.
Го тргаме на страна и внимателно го ставаме млекото, бидејќи може да прска.
Ги ставаме и карамелите.
Оставаме повторно на оган се да се изедначи.
Тргаме од оган и го додаваме путерот од кикирики.
Промешуваме и оставаме да се излади.
Го додаваме крем сирот и промешуваме.
Ги филуваме палачинките.
Сервираме на тајнир.
Поставуваме декорација од растопен, карамелизиран шеќер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани