Многу лесни и брзи крекери, одлични за мезе со пиво, всушност, совршени се во секоја комбинација. Топло ги препорачувам!
1. Маргаринот и млекото загрејте ги додека маргаринот да се истопи.
2. Брашното (просеано), пецивото, солта и урдата убаво измешајте ги да добиете смеса која наликува на крупни трошки (како на сликата долу).
3. Од таа смеса формирајте тесто.
4. Поделете го на два дела и расукајте кори со средна дебелина.
5. Од корите со помош на вашиот омилен калап за колачи извадете форми за крекерите и наредете ги во плех обложен со пек хартија.
6. Јајцето изматете го и со него секој крекер малку премачкајте го, а потоа посипете со сусам или некое друго семе.
7. Крекерите печете ги во загреана рерна на 180 степени, 15 – 20 минути (додека убаво да поруменат.
8. Нека се изладат, па послужете.
9. Одат со се, супер се и како појадок со јогурт или кисело млеко!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови