- Се сецка кромидот ситно и на малку масло се пржи, кога е готов се трга настрана во решетка и се остава да се исцеди.
-Во сад се става брашното, пецивото, сол два прстофата, крем сирењето, ситно наренданиот кашкавал, едно јајце малку сол и оладениот кромид. Се меси тесто притоа додавајки од маслото, треба да добиете фино тесто кое не лепи за раката, нека малку се одмори.
Тестото се расукува во потенка кора и со модли за колачи или пак најобичо - земате поголема и помала чаша и исечете прстени со. Наредете ги во плех послан со хартија за печење, премачкајте со разбиеното јајце, посипете одозгора малку сол и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени.
Одлична грицка, па со ладно пиво и тоа како е доброоо..... благодарение на Луси која несебично ги дели рецептите.. јас ова го имам веќе одомакинето.
Препорака - правете дупла доза... ги снемува за брзина...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани