Уште едни крекери од мене, овој пат со бело вино и афион, исто така убави и заразни за грицкање како оние со пивото.

Измешајте ги течните состојки, па вмешајте ги семињата, солта и прашокот за печење. На крај додавајте постепено од брашното и замесете компактно тесто.

Тестото развлечете го со оклагија на 4-5мм дебелина и со помош на калапче вадете форми кои ќе ги редите во плех.

Печете на 180С околу 15на минути.

*Наместо ленено семе јас ставив грубо мелени 4 семиња (од тиква, сончоглед, лен и сусам), па претпоставувам заради тоа ми требаше помалку брашно.
Затоа на крај брашото додавајте го постепено додека се засити тестото.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови