Совет, користете една помал огноотпорен сад или распоредете ја смесата во 3-4 мали керамички садови.
Јас користев малини, вишни, црни рибизли, боровинки...
Во еден сад се соединуваат овошјето, медот, по вкус може да се додаде и малку шеќер, сокот и кората од лимон, или ванилата.
Смесата се распоредува во садот.
Сега во еден сад се соединуваат брашното, путерот, лешниците,шеќерот.
Со раце правиме трошки.
Врз распореденото овошје ставаме од трошките.
Садот го ставаме во релна и печиме околу 25-30 минути.
Малку нека се подизлади, па го сервираме со сладолед од ванила.
Навалете со лажичка и уживајте...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани