Го прославивме и седмиот роденден на близнаците. По желба на Теодор тортата ја украсив со јунакот од неговиот омилен цртан, Калимеро.
Тортата беше сочна и мирисна и ви ја препорачувам за претстојните големи посни празници Цветници и Благовец.

Подготовка
1. Ја вклучуваме рерната на 180 степени. Сите суви состојки за бисквитот се мешаат.
2. Водата и мармаладот се соединуваат и се додаваат кон сувите состојки. Се мати смесата со миксер да се соедини.
3. Го додаваме чоколадото кое ситно сме го насечкале. Промешуваме и смесата ја истураме во калап за торта бр. 24 кој на дното сме го обложиле со хартија за печење, а од страните сме го намрсиле со масло.
4. Печеме околу 45-50 минути.
5. Ја оставаме малку да излади и ја вадиме од калапот. Ја сечеме на три дела откако ќе излади.
За филот
1. Ги ставаме шеќерот и водата во тенџере да зовријат неколку минути.
2. Кон крајот ставаме една лажица лимонов сок и го тргаме шербетот од рингла.
3. Мелените ореви ги ставаме во шербетот заедно со чоколадото. Мешаме додека да се стопи чоколадото и да се соедини целата смеса.
4. Ја ладиме смесата па го додаваме џемот од јагоди. Филот ни е подготвен.
Ставаме од него на првата кора, па ставаме џем од јагоди, кора, па фил, па џем и на крај само кора. Оставаме од филот 2 лажици да ја премачкаме тортата за да може да ни се залепи фонданот.

Забелешка
Во тестото кога ќе ги ставате влажните состојки можеби ќе ви треба вода повеќе од напишана, ама тоа зависи од брашното. Вие прво пробајте со оваа количина па доставете, ако е многу густо, ама не повеќе од 50 мл.
Видете дали е печен бисквитот со помош на чепкалка или стапче за ражничи бидејќи е повисока. Стапчето треба да е суво ако е печена, со тоа што во неа има и парчиња чоколадо, па може да ви остане од чепкалката и да мислите дека се уште не е допечена. Внимавајте на таа забелешка, за да не се препече тестото.
Филот не треба да ви биде многу густ, ама и не премногу редок, внимавајте со додавањето на џем, секој е различен..
Тортата ја подготвував навечер, а ја обложував со фондан утредента.
Овој пат го правев фонданот по рецепт на Норт.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани