Во длабок сад ставете го месото, ѓумбирот, ситно сецкан лук и измешајте убаво.
Потоа додадете презла и зачини и убаво измесете ја смесата за ќофтиња.
Со малку масло на рацете обликувајте мали кофтиња. Мене ми излегоа 12. Ставете ги на тавче обложено со хартија за печење.
Печете на 200 степени додека поруменат.
За сос
Кечапот, медот, маслиновото масло и балзамико оцетот убаво измешајте и додадете ситно сецкан лук.
Топлите испечени кофтиња ставете ги во сосот промешајте убаво и сервирајте,
На здравје !!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови