Екстра ароматичен компот за на зима од свежи рибизли.

1. Рибизлите се мијат и се цедат од водата.
2. Теглите ги полниме до третина со рибизли, распоредувајки го шеќерот меѓу нив по 4 лажици во тегла, и го додаваме помалку од ванилинот.
3. Теглите се дополнуваат со вода и добро се затвараат, ги ставаме во рерна на 150 степени и чекаме да провријат околу 1 до 1,5 часа.

Готовиот компот се остава во рерната да се излади.
Од овие состојки ми испаднаа 8 тегли компот од рибизли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани