- Праските кои не треба да бидат многу презреани, излупете ги и исечете ги на парчиња или половинки- зависно за што ќе го користите. Наредете во теглите трудејки се што повеќе да собере бидејки со пастеризацијата тие се намалуваат најмалку за 1/3 и ќе бидат одпразни теглите. Тоа ништо не пречи.
- Во секоја тегла ставајте најмногу 4 лажици шеќер (се мисли на тегла од 750 мл.) или оценете вие според тоа колку се благи праските. Можете и да ја намалите количината на шеќерот. Затворете ги добро со капачињата.
- Ставете во сад со вода и откако таа ќе почне да врие дозволете да се варат околу 15 мин.
Оставете ги да се оладат во водата поколопувајки го садот.
Вака приготвениот компот е одличен, природен.
Бидејки нема вода во теглите може да ви се случи да се подигнат теглите, слободно ставете некој потежок предмет кој нема да го дозволи тоа.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани