Лесна, вкусна салата која брзо се подготвува.
Компирот сварете го, излупете го, додајте го маргаринот и убаво изгмечете го.
Тиквичката исечкајте ја на мали коцки и малку пропржете ја, да остане малку крцкава. Ставете ја во компирот.
Кромитчето исто така исечкајте го, пропржете го и додајте го и него во компирите.
Посолете, побиберите, додајте го сокот од лимон, малку изрендајте од кората и убаво промешајте. Може да ја сервирате во некој сад, а може да ја ставите салатата во форми, во фрижидер да се стегне и готово, на здравје нека ви е.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани