- Компирот исецкајте на помали коцки, исто така и морковот. Ставете во посолена вода да е вари и  сварен исцедете го. Најдобро е кога ќе го варите на пареа.
- Наутот сварен или готов конзервиран исцедете, ставете на масло да се пржи заедно со сецканото лукче и зачини. Зависно што ќе одберете, јас користам мајчина душичка, малку посолете и додадете бибер.
- Исецканите свежи шампиони ставете во истата тавка уште 2 лажици масло да се пржат заедно со зачин, малку сол и бибер, нека се пржат.
- Измешајте во сад компирот и морковот, наутот и печурките, сецкан кромид, овкусете на сол, додадете зачин  кој  го сакате, бибер, ако по ваша оцена е потребно сеуште масло, закиселете со лимонов сок - може и оцет.
Оставете да се олади и за тоа време да се спојат сите вкусови...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани