Сварете ги компирите и потоа испасирајте ги во пире. Морковот исто така обарете го да подомекни.
Во меѓувреме кељот исчистете го и обарете го во послолена вода околу 7 минути. Потоа исцедете го. Доматот исечкајте го на ситни коцки, исечкајте го и кромидот, морковот на кругови или ако е поголем на четвртинки илиполовинки, а маслинките можи и цели да ги ставите.
Сето ова убаво измешајте го и дотерајте го со сол и зачини. Доколку ви се види „суво“ додадете 1-2 лажици маслиново масло (кај мене не мораше. всушност ако ајварот е потечен, а и сокот од доматот солидно го средуваат составот) или пак од водата во која се вареле компирите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани