Колач кој ми е сличен на белиот комисброт, направив мали промени, а овој пат е со розеви пралини, за кои исто ќе има рецепт овде.
Декоративен, мирисен, вкусен...

Белките треба да се на собна температура. Се ставаат во чаша, а во други две исти чаши се става шеќерот и брашното на иста висина како белките.
Се матат белките, се додава шеќерот, ванилите и сокот од портокал.
Се мати додека белките да станат цврсти, па се додава брашното и пецивото, махлепот, путерот и се меша со лажица.
Зависи од калапот, го мачкате со путер или е силиконски, па ставате од смесата, па пралини, па пак од смесата.
Се протресува за да се израмни смесата. Се пече на 180, па на 150 степени. Ако е длабок калапот, се пече подолго.
Имав лупени бадеми, листови бадеми и кршени, сите ги потопував во шеќерова вода и капки црвена боја, до карамелизирање.
Видете го рецептот Розеви пралини за подетално.
Се украсува со зашеќерени листови бадем и шеќер во прав.
Се сервира како десерт или за сладок појадок, со кафенце, чај, млеко...
Пријатно!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани