Едноставен и брз колач кој одлично оди со чајче или кафе.

Пенесто изматете ги јајцата со шеќерот и ванилата.

Со постојано матење додајте го маслото.
Измешајте ги брашното, густинот и пецивото и постепено додајте ги во изматената смеса.
Измешајте убаво со жица.

Истурете ја смесата во округол калап.
Одозгора наредете ги јагодите исечени на четвртинки.

Печете на 180 степени, 30 минути.

Испечениот колач оставете да се подолади, а потоа посипете го со шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани