Кој не ја пробал комбинацијата на путер од кикирики и јагоди многу пропушта. 

- Во сад пенесто се матат јајцата, се додаваат 2 изблендирани банани, смесата се соединува со миксерот.
- Се додава овесното брашно, пецивото, 2 лажици мед и 2 лажици путер од кикирики.
- Смесата се излева во калап за печење број 20.
- Јагодите се сецкаат на половинки и се додаваат врз тестото.
- Во сад се соединуваат овесните снегулки и преостанатиот мед и путер. Со добиената ронлива леплива маса, се посипува колачот.
- Се пече 25-30 минути на 170 степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови