Најпрво исчистете ги јаболката и исечкајте ги на мали коцкички. Прелијте ги со сокот од лимон и вмешајте го циметот.

Во сад за матење ставете го путерот и шеќерите и матете додека се растопи, па постепено додавајте ги јајцата едно по едно при што секое ќе го матите по 2 минути.
Измешајте ги сувите состојки заедно со ренданата кора од лимон и додадете ги во садот кратко матејќи. Доколку користите помали јајца и ви се види многу густо тестото, слободно додадете некоја лажица млеко.
На крај со лажица додадете го марципанот исечкан на ситни коцкички.

Тестото ставете го во намастен или обложен со пек-хартија плех од рерната. Не мора многу да го мазните одозгора, можи да има нерамнини, при што со додавањето на предходно спремените јаболка ќе си фати се убаво лежиште. Откако сте ги распоредиле јаболката, најгоре посипете го колачот со листовите бадем.

Печете 25 минути на 180С.
Измешајте ги состојките за прелив и одозгора попрскајте го топлиот колач.
Оставете кратко да подолади и веднаш уживајте. Мирисот на овој колач кога е печен нема воопшто да ве остави рамнодушни.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови